Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 129.762 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Colonial Africa 1913 map.svg

Освојување на Африка — период од историјата на Африка проследен со окупација, поделба и колонизација на африканската територија од страна на европските сили за време на периодот на т.н. Нов империјализам, во периодот помеѓу 1881 и 1914 година. Во 1870 година, само 10% од Африка бил под европска контрола, додека до 1914 година овој процент се зголемил на речиси 90% од континентот. Единствено Етиопија (Абисинија), Дервишката држава (денешна Сомалија) и Либерија биле независни.

Берлинската конференција од 1884 година, која ја регулирала европската колонизација и трговија во Африка, обично се нарекува почетна точка за борбата во Африка. Како последица на политичките и економските соперништва меѓу европските империи во последниот квартал од 19 век, европските сили често избегнувале да војуваат меѓу себе кога станувало збор за континентот. Во подоцнежните години на 19 век, транзицијата од „неформалниот империјализам“ со воено влијание и економска доминација, го насочило владеењето, доведувајќи го колонијалниот империјализам. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Мартини тонкодзьобі (Larus genei).jpg
Тенкоклуни галеби (Chroicocephalus genei)
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Царот Соломон со некои од сопругите
На денешен ден…

Денес е 10 август 2022 г.

Настани:
Поделбата на Македонија помеѓу окупаторските сили согласно одредбите на Букурешкиот договор од 1913 г.
1675  Поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кајшто минува нултиот меридијан.
1792  Француска револуција: Револуционерите во Париз навлегле во палатата Тилери (подоцна запалена и урната во текот на Париската комуна), со што ја окончале монархијата.
1913  Потпишан Букурешкиот мировен договор, со катастрофални последици по Македонија и македонскиот народ. По Втората балканска војна, која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1969  Само еден ден по шесте брутални убиства, членовите на култот Чарлс Менсон напаѓаат уште еднаш: овој пат жртви се Лено и Роузмари Лебјанка.
1977  Во Њујорк уапсен е Дејвид Берковиц, попознат како Синот на Сем, сериски убиец кој досега има признаено дека извршил шест убиства.
2000  Според следачот на промената на светското население на www.ibiblio.org, светската популација ја достигнува бројката од 6 милијарди.
2005  Ли Сунг Сеп од Јужна Кореја умира поради преголем замор предизвикан од непрестајно 49-часовно играње на World Of Warcraft и StarCraft.

Родени:

1865  Александар Петрович Глазуновруски композитор, последен претставник на руската национална школа.
1888  Кристофер — принц на Грција.
1893  Прежихов Воранц — словенечки писател.
1902  Арне Тиселиусшведски хемичар, добитник на Нобеловата награда.
1912  Жорже Амадо - бразилски писател.
1937  Јован Павловски — македонски поет.
1947  Ијан Андерсон — шкотски рок-музичар, член на групата „Џетро тал“ (Jethro Tull).
1939  Вера Сојчевска - Антиќ — македонски историчар.
1960  Антонио Бандерасшпански глумец.
1966  Хајрула Мисини — поранешен член на ОНА.
1967  Ридик Боуамерикански боксер, светски шампион во тешка категорија.
1971  Рој Кинирски фудбалер и тренер.
1973  Хавиер Занети — аргентински фудбалер.
1992  Дајер Кинтана — колумбиски велосипедист.
1994  Бернардо Силва — португалски фудбалер.

Починале:

1870  Жил Пјер Рамбир — француски ентомолог.
1896  Ото Лилиенталгермански пионер во областа на летањето, првиот човек кој летал со едрилица, поради што е познат како „Кралот на едрилиците“.
1903  Јордан Пиперкатамакедонски револуционер.
1912  Паул Валот — германски архитект.
1915  Хенри Мозлианглиски физичар.
1954  Роберт Годард — американски професор по физика.
1969  Тоне Селишкар — словенечки писател.
2008  Ајсак Хејс — американски соул-пејач.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич